Непосредно пред почетокот на натпреварот меѓу Албанија и Македонија се случи инцидент на трибините на Источната трибина, каде е сместена групата наши навивачи на стадионот „Лоро Боричи”, пишува Супермедиа
Домашните навивачи фрлија неколку факели кон гостинските навивачи, а овие возвратија, па се закануваше посериозен инцидент.
Иако таа трибина е во форма на неколку коцки и практично сите се одвоени една од друга, сепак не се далеку, па обезбедувањето ќе има многу работа да спречи нова закачка меѓу двете страни.