Поради кopoнавиpycoт нагло поpacна вpeдноста на американскиот долар

Вредноста на американскиот долар се вивна максимално како последица на kopoнавирусот Ковид-19, јавуваат американските медиуми.

Индексот на доларот на лондонската берза синоќа достигна 99.63 прооцетни поени, или највисок показател во изминатите три години.

„Блумберг“ цитираше аналитичари кои сметаат дека растот на американската валута ќе продолжи како резултат на ширењето на коронавирусот. Глобалната економија и пазарите трпат штети, За да го заштитат вложениот капитал, меѓународните инвеститори ги напуштаат ризичните активи во корист на американскиот долар.

Целосна спротивност на доларот е јапонскиот јен кој моментално е на најниско можно ниво од 2017 година, поради стравувања за можна брза рецесија на јапонската економија, јавува денеска Блумберг.

Изданието наведува дека наглиот раст на доларот во овој век се случува по 14. пат. Во секој од тие случаи американската девиза добивала 2.4 отсто за 40 денови.

Коронавирусот се појави во провинцијата Хубеи во Кина во декември 2019 година. Од болеста досега починаа речиси 2,250 луѓе, мнозинство на територијата на Кина. Вкупниот број на заболени во целиот свет е околу 77 илјади додека излечени се 18,468 луѓе.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.