Охриѓани си седат дома и го направија најкреативно нешто што сте го виделе деновиве (ВИДЕО)

Група охриѓани, познати и помалку познати, во еден викенд направија уникатна преработка на легендарната песна
“Боемска рапсодија” од групата “Квин”, која стана “Охридска рапсодија”.

Од она што го најдовме по социјалните мрежи, видеото е дело на Пеце Настевски, а идејата и инспирацијата е на Никола Јосифоски.

Во видеото учествуваат 74 луѓе и сето тоа е одлично спакувано.

Уживајте во продолжение и направете нешто слично и вие во овие денови кои сите ги поминуваме дома.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.