ОСТРОВ НА СМРТТА: Копале дупка за да пронајдат богатство а таму ги дочека пекол (ФОТО)

potraga-za-blagom-oak-island-4-660x330

Постојат многу приказни за острови  со скриени богатства, но ретки се луѓето кои ќе соберат храброст и ќе се обидат да ги откријат богатствата. Така е и со Храстовиот остров на кој луѓето кои барале богатство за секогаш останале таму.

Потрагата започнала во далечната 1795 година кога 18 годишниот Даниел Мекгинис видел светлина од  насоката каде се  наоѓа островот. На средината на островот пронашол дупка. Се вратил воодушевен а потоа со пријателите  Џон Смит  и Ентони Воганем повторно тргнал во авантура.

Кога се спуштиле во дупката на островот започнале со копање. На секои три метри пронаоѓале нешто ново а тоа за нив биле знаци дека во дупката има нешто вредно.

potraga-za-blagom-oak-island-3

Оваа вест стигнала и до локалните весници, па после овие момчиња дупката ја посетиле луѓе од компанијата “Onslov Company”. Тие на 27 метри длабочина пронашле карпа со необичен симбол.

Новиот обид се случил во 1961 година од страна на компанијата “Turo”. Вработените во оваа фирма  копале дупка, а потоа се случил пекол- дното се рушило и тогаш се случил првиот смртен случај.

4

Во 20 век се случиле уште 4 смртни случаи, па никој  уште нема откриено што се наоѓа на мистериозниот остров.

Постојат различни верувања. Едни веруваат дека таму се наоѓаат Шекспировите дела, други дека таму се наоѓа масонското богатство а трети дека таму се наоѓаат драгоценостите на Марија Антоанета.

 

Ф.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.