Општина Прилеп: За две години инвестиравме 50 милиони денари во образованието

Со цел да ги подобриме условите за работа во сите училишта во нашиот град и населените места и да изградиме поквалитетен образоваен систем во првите две години од нашиот мандат, како Локална самоуправа од Буџетот на Општина Прилеп одвоивме над 50 милиони денари за инвестициии во сите основни и средни училишта во општина Прилеп – стои во денешното соопштение од општината.

-Благодарение на беспрекорната соработка помеѓу Општината и директорите на училиштата, во рамките на овие инвестиции направени се реконструкции и рехабилитации на училниците, ходниците, тоалетите, кабинетите, канцелариите, спортските сали и спортските игралишта, исто така поставени се образовни помагала смарт табли, хортикултурно и партерно уредување на дворовите, набавени се компјутери, телевизори и извршени се адаптации на неискористени простории. Овие инфраструктурни уредувања и тековни активности кои ги реализираа училиштата за подобрување на условите за работа и одвивање на наставно-образовниот процес, се суштински важни за квалитетно образование на нашите деца.
Децата и нивното образование остануваат наш приоритет – велат од општина Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.