Флавио Ди Муро, пратеник од партијата Лега на Салвини, направи несекојдневен потег на седницата на италијанскиот парламент.
Тој во еден момент побарал збор, а кога го добил, извадил прстен и ја побарал за жена неговата колешка.
“Елиза, сакаш ли да се омажиш за мене?”, ја прашал Ди Муро својата избраничка.
Колегите пратеници од неговата партија му дадоа аплаузи за потегот, но претседателот на парламентот го искара, велејќи му дека не може да користи збор за таква намена во законодавниот дом.