Не е убаво чувството кога човек се труди да ја одработи својата работа, а на крајот да не добие плата.
Младиот бразилски професор Бруно Рафаел Паива не добил плата 2 месеци, морал да спие во училиштето затоа што немал пари да плати кирија.
Кога учениците дознале за неговиот проблем, самите собрале околу 150 бразилски реали (околу 2200 денари) и го наградиле наставникот со “плата”.
Koга сфатил што се случува, Бруно се расплакал пред својот клас. Следувало групно гушкање, а видеото кое ќе го погледнете се прошири низ велиот свет.