Романската тенисерка Симона Халеп е победничка на Грен слемот Вимблдон. Таа попладнево во два сета (6:2 и 6:2) ја совлада седумкратната победничка на турнирот Серена Вилијамс од САД.
Мечот траеше 53 минути.
За Халеп ова е прв трофеј на Вимблдон и втор на Грен слем турнирите.
Претходно, Романката во 2018 година го освои Ролан Гарос.
Вкупен награден фонд на неофицијалното светско тениско првенство изнесува 49,4 милиони долари.
Инаку, Симона Халеп (23), е Влаинка по потекло од Македонија, пренесува романскиот спортски портал „Либертатеа.ро“ во текст посветен токму на Халеп.
Романскиот „Спортсњуз.ро“ пренесува дека таа потекнува од таканеречените цинцар Власи, кои го сочинуваат најголемиот дел од Македонските власи. Според изворот на „Спортсњуз.ро“, Халеп потекнува на најголемата група на Власи во Македонија, која важи и за етникум со силно влијание во земјава.
„Цинцарите како дел од Влашката етничка група во Македонија се меѓу највлијателните етникуми во земјата, но не затоа што се претерано богати, туку затоа што силно се приврзани кон нивните традиции во Македонија“ – пренесува пишува „Спротњуз.ро“, пренесува Либерта.ро.
Изворот на „Спортњуз.ро“ исто така додава дека Халеп, најверојатно нема да се омажи ниту за Романец, или маж кој потекнува од друго место во светот, освен со момче кое потекнува од Македонија, како што налага традицијата.
„Таа ќе ги почитува само фамилијарните традиции и најверојатно ќе се омажи за Македонец.“ – вели изворот за „Спортњуз.ро“.