Македонија речиси цел месец е на нозе! Народот се крена против така наречената албанска платформа и против формирањето на влада која ќе работи на реализација на странско сценарио.
Покрај масовните граѓански собири во поголемите градови, на нозе се и руралните средини.
Граѓаните на Кривогаштани активно даваат поддршка на иницијативата “За заедничка Македонија”, а така беше и во средата.