За ова се молчело за време на владеењето на Тито – еве што Фидел Кастро му замерувал на Броз

1

Некогашниот кубански претседател Фидел Кастро кој почина на 90. години никогаш немал добри односи со претседателот на поранешната Југославија Јосип Броз Тито.

Покрај коректните односи кои ги имале, Тито го нервирал Кастро што водел раскошен живот и што уживал во добрата храна и пијалок, скапата гардероба и бескрајните забави.
Медиумите пишувале дека Кастро кој се облекувал скромно и кој покжаувал блискост со работниците и селаните, сметал дека не е исправно пто Тито се однесувал како „ трет по ред наследник на британското кралство“.

Покрај различните погледи на начинот на живот, Кастро на Тито му замерувал што на некој начин ја издал револуцијата со продавање на оружје на Фулгенсио Батиста. Инаку, Батиста бил сива еминенција од 1933 година до 1940. во Куба. Од 1940. до 1944 бил претседател, а другиот пат на власт дојде преку пуч, владеел од 1952 до 1959 година.

Поради ова аналитичарите наведувале дека постои уште една причина поради кои двајцата лидери не биле претерано блиски. Имено, нивниот однос може да се поврзе со различните менталитети бидејќи Тито бил стар револузионер на средноевропскиот ков кој имал потреба за промовирање.

Тој е единствената причина поради што Тито никогаш не се одрекол од својот накит, скапи одлеа и комплетен луксузен живот. На другата страна Кастро бил класичен латиноамерикански револуционер. Интересна е приказната околу запознавањето на Броз и Кастро. Тие двајца се запонзнале во 1969 година во зградата на ОН така што кубанскиот претседател му пришол на Тито во тој момент со голема почит. Набрзо после тоа следеле билетерални состаноци на Бриони и Хаваи.

Југославија и Куба одржувале добри односи и покрај тоа што Тито и Кастро имале различни ставови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.