Застрашувачко откритие на руските научници: Под Арктичкиот океан се крие нешто страшно (ВИДЕО)

Руските научници откриле оружје за масовно уништување на светот, кое ги загрижило. Водачот на тимот рекол дека никогаш не видел толкава количина енергија подготвена за уништување на човештвото.

Шефот на рускиот тим на истражувачи известува за облаци метан кои се 20 пати посилни од јаглерод диоксид, а кои излегуваат во вид на меури на површината на Арктичкиот океан.

“Количината на метан која се ослободува ги загрижи руските научници кои го испитуваа морското дно на епиконтиненталниот појас на источен Сибир”, известува “Индепендент”.

Игор Семилетов од Меѓународниот арктички истражувачки центар на Универзитетот Фербенкс во Алјаска, кој го водел осмото заедничко крстарење на САД и Русија во овие води, рекол дека никогаш не видел толкава количина на метан која се ослободува од дното на Арктичкиот океан.

 

Научниците проценуваат дека под Арктикот се наоѓаат милиони тони метан. Најмногу се стравува дека тој метан, поради глобалното затоплување и порастот на температурите од година во година би можел да се ослободи во атмосферата.

Неколку такви џиновски експлозии би имале дејство како стотина атомски бомби кои би ја блокирале атмосферата. Човештвото тоа не би можело да го поднесе. Тоа би бил почеток на крајот. Просто речено, човештвото буквално седи на џиновски нуклеарни бомби. Само е прашање на време кога истите ќе се активираат, велат научниците.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.