ЗАЕВ ОТКРИ ДВЕ ИМИЊА ЗА КОНСЕНЗУАЛЕН КАНДИДАТ: Абдулменаф Беџети и Теута Арифи се можни консензуални кандидати!

Одговарајќи на новинарско прашање, Зоран Заев откри дека на листата на претседателски кандидати на СДСМ се наоѓаат десет имиња за кои во моментов се прават анкети.

На таа листа се наоѓаат Абдулменаф Беџети, член на МАНУ како и Теута Арифи, поранешна вицепремиерка за европски прашања и сегашна градоначалничка на Тетово.

Извор: “Инфомакс”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.