Живот и на -70 степени, а каде ако не во Русија: Ова е најстуденото место на светот (ФОТО)

Руското село Ојмајкон кое се наоѓа во областа Јакутија на Сибир е едно од најстудените места во светот.

Ова село е доста невообичаено место. Тоа е најстудената населба на Земјата, но во него сонцето секогаш сјае и среќните стогодишни лица на минус 70 степени ги напасуваат елените.

Источносибирското село Ојмајкон (Република Јакутија) е најстуденото населено место во светот и е едно од најстудените места на планетата. Тоа е воедно и најстудената точка на северната земјина полутопка и најстуденото постојано населено место на Земјата. Во зим температурата овде паѓа на минус 70 степени Целзиусови. Тешко е да се замисли дека може да се живее во толку тешки климатски услови, но таа област всушност е позната по долговечните жители, пишува „Руска реч“.

Во Ојмакон дури и водата се однесува чудно, па не замрзнува и на температура од минус 60 степени. Длабочината на замрзнување во овој регион е најголема до светот, до 1.500 метри во длабочина. Смрзнатата земја се шири и ги потиснува подземните води на површината. Всушност и самото име на населбата „Ојмајкон“ на јазикот на Тунгусите што живеат таму значи „река што не смрзнува“.

Во ова село нема ветер, времето секогаш е сончево, а во долината помеѓу планините се простира мешавина од тундра и степа, каде мирно лутаат коњите космати што не се поголеми од циркуско пони и воопшто не наликуваат на нивните роднини од потоплите краишта: нивното густо крзно во зима може да биде долго и до 10 сантиметри, а гривата не им го покрива само вратот, туку и дел од грбот. Оддалеку неможе лесно да се одреди дали станува збор за коњ или за мечка. Овие единствени јакутски коњи се од времето на мамутите. За Тунгусите, тие се верни соборци во преживувањето на студениот пол.

На мразот под минус 60 степени за неколку секунди може да замрзне лицето, ако не го заштитите со ништо, доволно е само малку да дувне ветер. Живата во термометарот се смрзнува, а ако налеете врела вода во филџан и ја фрлите во воздух, таа се претвора во снежен облак. Мошне е тешко на оваа температура да го запалите автомобилот.

Странските автомобили овде воопшто неможат ниту да запалат, а руските Урал или УАЗ може да се загреат само со помош на отворен пламен од лет лампа. Сепак, кога ќе се загрее автомобилот, првите неколку километри мора д аоди само право, затоа што за време на свртувањето може да отпадне тркалото.

Сепак, во такви, нечовечки услови жителите на ова село успеале да најдат компромис со природата и дури станале славни по големиот број долговечни жители. На должината на животот најверојатно влијаат голем број познати фактори: совршено чистиот воздух, совршено чистата вода, активниот начин на живот и здравата исхрана. Луѓето овде јадат воглавно риба, коњско месо и млечни производи. Недостатокот на овошје се компензира со диви плодови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.