Како што дознава порталот “Курир”, министерот за транспорт и врски од Прилеп, Горан Сугарески, ќе биде еден од министрите кој ќе биде заменет од премиерот Заев.
Од неофицијални извори “Курир” дознава дека на негово место ќе биде поставен сегашниот директор на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов.
Упатените толкуваат дека Заев ќе побара смена на Сугарески поради инсталирање на лојален кадар од струмичкото лоби на оваа функција – додаваат од порталот.
Сугарески беше оставен сам да се справува со јавноста во моментите кога се потпишуваше нов анекс договор со фирмата Синохидро која го гради автопатот Кичево – Охрид.
Цената на тој анекс изнесуваше 187 милиони евра. Покрај тоа Сугарески беше под удар и за како што се тврдеше, промашената траса на експресниот пат Прилеп-Градско.
Јавноста одново ќе процени дали Сугарески вреди да биде заменет.