Швеѓанецот со македонско потекло, Дејан Кулушевски пристигна во Медицинскиот центар Јувентус, каде треба да изврши лекарски преглед.
Деветнаесет годишниот Кулушевски е фудбалер на Аталанта, а игра за Парма како позајмен фудбалер.
Kулушевски за Јувентус ќе потпише договор до 2024 година кој ќе изнесува 4,5 милиони евра по сезона. Вредноста на трансферот според италијанските медиуми ќе изнесува 35 милиони евра плус потенцијални 10 милиони во бонуси.
Оваа сезона тој настапи 19 натпревари за Парма и постигна четири гола со седум асистенции.