Вторпат по неколку дена македонскиот ас Кирил Лазаров се покажува како клучен човек во клучните момент на неговиот Нант. Откако ја одведе својата екипа во групната фаза на ЕХФ Купот, македонскиот десен бек синоќа беше автор на победничкиот погодок во пресвртот на Нант кај Шамбери.
Домашната екипа водеше во текот на целиот натпревар, но екипата на Лазаров успеа некако да израмни во последните две минути од натпреварот, па дури и да добие слободен удар поради техничка грешка на Шамбери во последната секунда.
Овој тежок удар, нашиот репрезентативен капитен мајсторски го реализираше и му донесе победа на Нант.
Погледнете: