Прилепската денс група “NEW GENERATION ARMY” освои 5 медали на Меѓународниот танцов натпревар “Македонија Опен”

Вчера во Скопје се одржа Меѓународниот фестивал за модерни танци “МАKЕДОНИЈА ОПЕН СКОПЈЕ”, каде учевство зедоа и од танцовата група од Прилеп “NEW GENERATION ARMY”.

Прилепската танцова група зеде учество во 5 дисциплини, 2 формации, 1 дуо и 2 соло точки и освои 4 први места и едно 3 место.

Вистински бум на натпреварот направи точката со наслов “АRMY OF THE NEW GENERATION”. Точката освои прво место во поголема формација и беше вистински хит на натпреварот.

Прво место во дуо освоија Евгенија Илиева и Софија Николоска во техно денс, прво место во соло освои Дарко Нешкоски и трето место за Ивана Богојевска.

Од “NEW GENERATION ARMY” наредно се подготвуваат за Меѓународниот натпревар во Бугарија “Софија Денс Фест” кој ќе се одржи на од 31 март до 1 април.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.