Младо момче во безсознание донесено на скопските Клиники – лекарите не можеле да го спасат

Во три часот по полноќ од медицинско лице од Комплекс клиники „Мајка Тереза“, пријавено е дека починал 26-годишниот М.Ј. од Кратово, кој со возило на Итна медицинска помош Куманово бил донесен на клиниката претходниот ден околу 22 часот и 15 минути.

Од страна на полициски службеник извршен е разговор со докторот кој го примил лицето, во бесознание и бил под дејство на наркотични средства.

За жал, во 02 часот и 50 минути тој починал.

Во консултација со Јавен обвинител телото на починатото лице е предадено за обдукција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.