Со приходи од 927,5 милиони евра лани, Џонсон Мети е единствената компанија од Македонија која ова година е рангирана на листата на 500 најголеми компании во Централна Европа на Deloitte.
Компанијата во однос на минатата година, забележува скок на листата од 159 места.
За една година компанијата ги зголеми приходите за 48,9% и ја заврши годината со добивка од 56 милиони евра.
Од останатите земји во регионот, најмногу компании меѓу ТОП 500 има од Словенија и тоа дури 20, од Хрватска 12, од Бугарија 8, од Србија 6 и од Босна и Херцеговина 4 компании.
Лидер на листата со најмногу компании меѓу најголемите е Полска, и тоа со дури 170. Исто како и лани, листата ја предводи полскиот енергетски гигант ПКН Орлен со приходи од 25,5 милијарди евра.