Штрајк на повидок: Неизвесен стартот на школската година, СОНК незадоволен од зголемувањето на платите

Под знак прашалник почетокот на учебната година. Синдикатот на просветните работници СОНК е незадоволен од зголемувањето на платите од 5 отсто – пренесува “Сител”.

Претседателот на СОНК, Неделков вели дека в петок Советот на синдикатот ќе одлучи дали просветарите ќе го блокиpaaт почетокот на учебната година на 1-ви септември.

Според него, платите во образованието се најниски во јавниот сектор. Затоа бараат тие да се покачат сразмерно со растот на минималната плата.

Од Владата велат дека се уште течат преговорите со СОНК за поголемо зголемување на платите.

СОНК заедно со Конфедерацијата на слободни синдикати неколку пати годинава протестираа со барање за поголеми плати.

Извор: “ТВ СИТЕЛ”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.