Што ли се случува кај култната сала “Македонија” во моментов? (Видео)

Градоначалникот на општина Прилеп, Илија Јованоски, во својата програма вети изградба на здравствен спортско-рекреативен центар со покриен базен во спортската сала “Македонија” – ветување кое се’ уште одѕвонува во ушите на прилепчани.

Сепак, минатата година Јованоски истакна дека проектот нема да се реализира на првичната локација, туку дека ќе се гради во населбата “Точила”.

На локалната власт на СДСМ во Прилеп и останува уште една година за реализација на овој проект, а засега на новата локација за изградба има само табла за најава и празна ливада.

За сето тоа време култната спортска сала “Македонија” од ден во ден тоне и пропаѓа…

Еве како на почетокот беше предвиден проектот:

Од програмата “Живот за сите”:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.