Шлаканица за милионерите: Парите од данокот ќе се искористат за ублажување на кризата и високите цени

Коалициската влада на Шпанија, предводена од социјалистите, планира привремена повисока даночна стапка за најбогатите во земјата од следната година – покрај вонредните даноци за големите енергетски компании и банки.

„Предлагаме прераспределба на трошоците меѓу оние кои имаат најмногу“, рече денеска премиерот Педро Санчез. Министерката за финансии Марија Хесус Монтеро изјави дека мерката е наменета само за милионерите.

Парите ќе бидат искористени за ублажување на кризата предизвикана од повисоките цени на енергенсите и храната, додаде таа.

Годишната стапка на инфлација во Шпанија минатиот месец се зголеми на 10,5 отсто. Точното зголемување и обемот на даночната мерка се уште се разработува, велат од Владата.

Коалицискиот партнер на социјалистите, Унидас Подемос (Обединети можеме), се залага новиот данок да стане постојан. Сегашната највисока стапка на данокза оние кои заработуваат повеќе од 300.000 евра годишно е 47 проценти. Највисокиот данок на капитална добивка е 26 отсто.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.