Математичкиот гениј од Тетово, 9-годишниот Македон Димитровски, освои златен медал на светското првенство „Математика без граници“, кое се одржа онлајн во Скопје, а го организира Асоцијацијата на математичари од Несебар, Бугарија.
Неговиот татко Владимир редовно ги објавува успесите на Македон, а за најновото достигнување, на Facebook напиша:
„Македон пак освои златен медал на светскиот натпревар од есенскиот дел ‘Математика без граници’. Златно дете наше со златен медал“.