Васе Панчовски, момчето кое денеска на Богојавление-Водици, беше најсреќен и прв стигна до светиот крст во Делчево, добиениот поклон телевизор од компанијата “Зегин”, го донираше на едно семејство.
Од порталот “delcevo365.mk” го снимија овој хуман гест на нивниот сограѓанин, а потегот на Васе предизвика голем број позитивни реакции на социјалните мрежи.
Васе и неговите другари на семејството му подарија и икона со Богојавление.
ВИДЕО: “Делчево365”