Не доделувањето датум за старт на преговорите за членство во ЕУ за Северна Македонија и Албанија на вчерашниот состанок на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата не претставува негативна одлука, изјави француската министерка за европски прашања, Амели де Моншалан.
Како што јави дописникот на МИА, Моншалан нагласи дека Париз бара спроведување на сите услови за старт на преговорите утврдени пред 18 месеци, додавајќи дека земјите од Западен Балкан имаат европска перспектива.
Ваквиот став, според неа, ќе биде уште појасно искажан во заклучоците на претстојниот Самит на ЕУ, иако земјите членки на Унијата имаат различен пристап околу проширувањето.
Целиот текст прочитајте го <a href=”https://kurir.mk/makedonija/vesti/ameli-de-monshalan-ne-odreduvanjeto-datum-za-start-na-pregovorite-ne-e-negativna-odluka/”>ТУКА