Вчера во Радовиш се одржа Државното првенство во борење во категорија до 23-годишна возраст. Прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај” на ова првенство настапи со три борачки, и сите три девојки се искачија на пиедесталот.
Елена Најдоска го освои второто место во категорија до 50кг, а Теодора Димеска и Леона Настоска освоија злато во категорија до 53, односно до 62кг.
БК “7-ми Мај” се закити и со медал за второ место во екипен пласман.
Честитки за најновите успеси на прилепските борачки!