ФОТО: „Оскар“ со нов лик, првпат по 30 години

The wax Oscars® are reworked as necessary and attached to a plumbing system through which molten bronze flows into the ceramic shell mold.

Златната статуетка „Оскар”, која се доделува како признание за најдобрите од Американската академија за филмски науки и уметности, првпат по 30 години е редизајнирана за овогодинешното 88. издание на церемонијата.

Статуетките сега повеќе ќе наликуваат на првичниот дизајн од 30-тите години на минатиот век. Оваа помала козметичка промена доаѓа со промената на производителот на наградите.

3d-printing-bring-oscar-statuette-roots-88-academy-awards-2-520x401

Њујоршката компанија Polich Tallix Fine Art Foundry го презеде производството на статуетките од компанијата R.S. Owens од Чикаго, која ги произведуваше статуетките од 1982 година.

3d-printing-bring-oscar-statuette-roots-88-academy-awards-7-520x545

Новиот производител го обнови суптилниот изглед на изворната скулптура користејќи се со бронзен калап од 1929 година, кога беше првото доделување на „Оскарите“.

3d-printing-bring-oscar-statuette-roots-88-academy-awards-3-520x347

За изработка на 50 статуетки се потребни три месеци.

CbXEFXGUkAA-QJC-520x347

Инаку, мерките остануваат исти. Оскарот е висок 34 сантиметри и тежок 3,85 килограми.

Годинешната церемонија е закажана за следната недела, 28 февруари, на добро познатото место – театарот „Долби“ во Лос Анџелес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


АКЦИЈА
претходниот член,Неделно утро…
Следната статијаКendall Јenner