Веста дека Путин има нова љубов и тоа поранешната сопруга на Рупер Мардок, покрана голема медиумска прашина. Оваа вест одекна како бомба и предизвика огромно светско внимание.
Американскиот магазин “US Weekly” прв во четвртокот објави ексклузивна вест дека рускиот претседател има нова љубов, а потоа се појави и информацијата дека тоа е бизнисменката Венди Денг.
Иако беше објавена ноќ пред 1 април, светските медиуми тврдат дека не е шала. Американскиот магазин веста ја добил од близок пријател на Путин.
Исто така, дека има нешто меѓу двајцата, говори и фактот дека бизнисменката е забележана на јахтата на Роман Абрамовиќ кој е добар пријател на Путин.