Oткако жителите на улицата “Тоде Дупјачанец” ни испратија фотографии од катастрофалната состојба во која се наоѓа улицата, фотографии пристигнаа и од жители од улицата “Братство единство”.
Кал и вирови се секојдневие и на жителите од оваа улица која се наоѓа на околу 800 метри од строгиот центар на Прилеп.
Жителите велат дека проблемот го имаат цели 30 години и бараат итно асфалтирање на улицата од локалните власти.
Фотографии пристигнуваат и од други улици од сите градски населби и за истите ќе апелираме во периодот кој следи.
Во продолжение погледнете ја уште еднаш веста за улицата “Тоде Дупјачанец”: