По примерот на голем број европски училишта, ООУ “Климент Охридски” од Прилеп полека, но сигурно прераснува во една од најпосакуваните образовни институции во градот под Марковите Кули.
По уредувањето на ходниците, тоалетите, спортската сала и парковите во кругот на училиштето, сега и спортските терени добија еден поинаков шмек.
Од денеска игралиштата ги красат банери со познати светски и домашни спортски икони. Една убава слика и пример кој треба да го следат останатите. Секоја чест!