(Фото) Австралиските власти од хеликоптери фрлaaт тони храна за да ги нахранат пpeживeaните животни

Голем број хеликоптери се користат во операцијата која има за цел да ги нахрани животните кои ги преживеале големите пожари кои три месеци ја пеплосуваат Австралија.

Владата на Нов Јужен Велс пред една недела ја започна операцијата „Rock Wallaby“, а до сега од авионите се фрлени 2.200 килограми моркови и сладок компир.

Министерот за заштита на животна средина Мет Кин истакна дека многу животни успеале да се спасат и да избегаат од пожарите, но сега се надвор од своите живеалишта во непознати предели каде немаат пристап до храна.

-Освен што фрламе храна од хеликоптерите, поставуваме и камери и ги проверуваме подрачјата каде храната паѓа за да видиме колку животни јадат и колку има преживеани, наведува Кин.

Организаторите на акцијата нагласуваат дека меѓу животните има голем број загрозени видови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.