Во саботата во Универзалната сала во Прилеп се одржа голем хуманитарен концерт, на кој собраните средства ќе бидат наменети за Дејан Најдоски од Прилеп и Мартин Стојаноски од струшкото село Дрслајца.
На концертот свој настап имаа Зоран Илиев, Елена Јовческа, Дикато Бенд и мега полуларната балканска ѕвезда Саша Ковачевиќ.
Универзалната сала во Прилеп беше исполнета до последно место, а прилепчани уште еднаш покажаа дека кога се работи за хуманост и подавање рака се секогаш први.
Инаку, Дејан Најдоски од Прилеп боледува од аутизам. За подобрување на неговата состојба беше потребно да замине на лекување и третман со матични клетки во болница во Турција.
Сумата која беше потребна беа 54.000 евра, а досега Дејан успешно помина два третмани со матични клетки. За подобрување на неговата состојба потребни се нови два зафати со матични клетки.
Мартин (22) е од струшкото село Дрслајца. Тој во тешка сообраќајна нecреќа се здоби со тешки телесни повpеди и сега е во инвaлидcка количка. Станува збор за момче кое е фудбалски голман и одличен свирач на хармоника. Средствата се потребни за лeкување во Москва, Русија.