Старата прилепска чаршија не го заслужува ова: Уличките “плачат” за реконструкција (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Уличките во Старата прилепска чаршија плачат за реконструкција. Дотраените плочки веќе целосно се распаѓаат и претставуваат проблем за слободно движење.

Граѓаните мака мачат особено во врнежливи денови, кога е вистинска лотарија каде да се цапне за да се појде од едно до друго место. Се жалат и постарите граѓани, а пак децата често паѓаат и се повредуваат.

Редно време е чаршијата да го добие својот некогашен сјај и целосно да се реконструира. Тука секако помош треба да понуди и Министерството за култура, за Прилеп да добие чаршија како што заслужува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.