Во Виена е видено двегодишното девојче Данка придружувана од две Романки, дознава Телеграф.рс. Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци и видеото, пренесува Прес24.
Како што дознава Телеграф.рс, интензивно се работи на идентификување и лоцирање на девојчето.
За потсетување, потрагата по Данка Илиќ (2) влезе во шестиот ден. Ниту вчерашната потрага не заврши славно и покрај повеќечасовните напори на сите членови на МУП.
Данка Илиќ последен пат е видена во вторник околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле. Во моментот на исчезнувањето таа носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата врзана во опавче.