Сопственикот на националниот ресторан “Maл Алтан” од Скопје напиша статус на својот Фејсбук профил со кој ги освои симпатиите на целата држава:
“Јас Горан Блажевски, сопственик на Мал Алтан, моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне. Јас луѓето ги ценам, а посебно пошто знам како е да немаш, и така да ако треба ќе делам на пола, моите вработени ќе имаат поддршка целосна, од мене и мојата фамилија”, напиша Блажевски.
Неговиот статус на Фејсбук за кратко време се прошири на социјалните мрежи, а Блажевски добива пофалби од сите страни за ваквиот гест.
СЕКОЈА ЧЕСТ МАЈСТОРЕ!