Складира храна, вода и кибритчиња: Германија се подготвува за војна

Германија ќе донесе план за цивилна одбрана,прв по Студената војна, со кој планира да го поттикне населението да складира храна, вода и други проиводи во случај на катастрофа или оружен напад. Според планот, граѓаните би требало да складираат храна  и вода за десет дена, извори на енергија, пари и лекови, што би им озовможило да ја дочекаат помошта од владата.

 

1

Во Германија владее вознемиреност поради неодамнешните терористички напади и бројот на примени бегалци минатата година, пишува Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Портпаролот на Министерствотоз а внатрешни работи потврди дека Советот на министри ќе ја донесе „стратегијата за цивилна одбрана“, иако Германија не се наоѓа под закана.

„Белата книга“: Русија е закана

Во „Белата книга“ на Министерството за одбрана објавена пред еден месец Германија ја наведува Русија како потезијална закана, „која отворено го доведува во прашање мирот во Европа“, зашто во 2014 година од Украина го анектира Крим.

„Треба да се повикаат граѓаните да направат резерви од храна за десет дена“, се насведува во планот за цивилна одбрана составен на 69 страници, и резерви на вода за пет дена и тоа по два литри по човек на ден.

Германија, која долго беше чувствителна на воени прашања, со овој план донесен во средината на јули дава насоки со кои би требало да заземе поважна улога на меѓународната сцена.

Германската војска ќе го зголеи бојот на военоспосони луѓе првпат по 1990 година, ќе го зголеми вложувањето во одбраната по повеќе од четврт век, коа по завршвањето на Студената војна драстично ги намали трошоците за одбрана.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.