Челзи постигна согласност со Ајакс за трансфер на Хаким Зијеш. Откако не успеаа да купат ниту еден играч во јануарскиот преоден рок, 26-годишниот Мароканец стана топ приоритет за Френк Лампард.
Според “De Telegraaf”, Челзи постигнале вербален договор за играчот на холандскиот шампион, кој треба да пристигне на крајот од сезоната.
Според медиумите дополнителните преговори ќе продолжат во наредните 24 часа, а неофицијално Челзи ќе плати 45 милиони евра за овој исклучително квалитетен фудбалер.