Села предлага алко и тест за дpoга за пpaтениците

„Секој што има два грама памет во главата кога ќе ги види снимките ќе може да разбере што се случило со инцидентот и кој го предизвикал. Не ми паѓа на ум, а и не би ни сакал да верувам, оти постои правило, за да се држи под контрола едно општество, треба да постои состојба на контролирано лудило. Не сакам премногу да навлегувам во проценувања и да ги коментирам однесувањата на бандитите!“ – изјави Зијадин Села, лидерот на опозициската Алијанса за Албанците, одговарајќи на прашањето на весникот на албански јазик „Лајм“ во врска со инцидентот што се случи деновиве во Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија.

„Села, кој е и пратеник во Собранието, бара пратениците да се подложуваат на алкотестирање и наркотестирање на секои три месеци. Ваквата идеја тој ја изнесе, откако и пратеникот на Демократската лига, Павле Трајанов, коментирајќи го инцидентот во споменатата комисија, рече дека во Собранието кружи многу алкохол и оти, меѓу другото, и тоа влијае врз атмосферата и однесувањето на некои пратеници.“

„Дојде време јавноста да види кои се пијаниците, но и вистинските наркомани. Не само алкотест, туку предложив во исто време на секои три месеци од утре да се врши и допинг-тест за дрога за секој пратеник. Пратениците се претставници на народот и не треба да користат супстанции, кои ќе влијаат врз нивното разумно расудување.“




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.