По повод празникот Богојавление – Водици, во недела 19 јануари во 11.00 часот, 110 души од кои 6 девојки ќе скокнат во базенот од аквапаркот кај хотелот „Салида“ во Прилеп, со желба први да стигнат до крстот.
Од Прилепското архиерејско намесништво информираат дека Богојавленскиот водосвет, односно чинот на фрлање на крстот ќе биде извршен во 11 населени места на територијата на општина Прилеп.