СДСМ стана четврта партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ со зголемен рејтинг за разлика од изборите

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ има зголемен рејтинг и останува на првото место. Ова го покажува анкетата на Маркет Вижн, претворена во гласови на изборите. Според неа, 45, 2 % би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, а 11, 2 % за СДСМ. Дури и партиите ДУИ и ВРЕДИ имаат поголем рејтинг од социјалдемократите.

Истражувањето на јавното мислење е спроведено од 16 до 24 септември 2024 година на 1.200 испитаници.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.