Англиската пејачка со косовско потекло Дуа Липа на својот профил на Твитер објави карта на Голема Албанија.
„Ав – тох – тон придавка (на жител на место) домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти“, напиша 24-годишната музичка ѕвезда од светски глас, чии родители во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна.
au•toch•tho•nous adjective
(of an inhabitant of a place) indigenous rather than descended from migrants or colonists pic.twitter.com/OD9bNmLcZ4— DUA LIPA (@DUALIPA) July 19, 2020