Сакате смеење до солзи? Еве ја целата претстава “Викенд на мртовци” oд училиштето за театар “Чин 4 сцена 5” од Прилеп

Со претставата „Викенд на мртовци“ училиштето за театар „Чин 4 Сцена 5 од Прилеп одбележа 12 години од своето постоење. Таа е работена по текстот на мајсторот на комедијата, Миле Поповски, а режијата е на Саша Нацевски.

Претставата предизвика огромна заинтересиираност кај публиката и таа се прикажуваше повеќе пати во Домот за култура „Марко Цепенков“.

Претставата имаше хуманитарен карактер, а собраните средства планирано е да бидат донирани на 3 институции. Прво се планира да се инсталира лифт за хендикепирани лица во Центарот за култура „Марко Цепенков“ за пристап во големата сала, потоа во дневниот центар за деца и лица со посебни потреба „Ѕуница“ ќе се промени дограмата и на крај во ОУ „Климент Охридски“ ќе се набават 4 компјутери за потребите на посебните паралелки.

Во продолжение погледнете ја целата претстава “Викенд на мртовци”:

Извор: “Инфо Компас”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.