Eкипата на РК Прилеп го обезбеди опстанокот во Супер лигата уште минатиот викенд, а вчера со убедлива победа против Голден Арт, го освои третото место во плеј-аут разигрувањето.
Ова беше одлична вест за сите ракометни вљубеници во градот под Марковите Кули, кои и наредната сезона ќе гледаат прволигашки ракомет.
Веќе денеска пристигнува нова добра вест од клубот. Имено, одличниот дефанзивец, Филип Велески, ја продолжува соработката со клубот, и ќе ги брани боите на Прилеп и идната сезона.
Одличен во одбраната, по потреба ефективен и во нападот. Искусниот играч кој може да игра на повеќе позиции повторно ќе е непробивлив столб на прилерската одбрана.