Ристески: “Радо ти си срам и мизериja за MAKEДOHИJA”

Фејсбук статус на екс градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески

“Без ни малку срам ја разрешивте Рашела Мизрахи за прес-конференција пред табла на која пишува “Република Македонија”….

Сега многу ме интересира како ќе реагира техничкиот Премиер и Влада за испадот на Рада со амблемите на УЧК во позадина?!?!

Како Рада ќе им го објасни овој срамен чин на семејствата на загинатите и илјадниците бранители кои застанаа на браникот на татковината ?

Како ќе им го објасни и на вработените на АРМ и Министерството за одбрана кои беа цел на терористички напади токму од УЧК?

Дали ти е барем малку незгодно и срам (убеден сум дека не ти е) од сопствениот народ со чија помош направи политичка кариера и земаш огромен износ на плата и провизии…а сопругот направи милионски бизниси?1?!

Во нормална држава, во најмала рака во истиот момент ќе беше разрешена и ќе имаше забрана да бидеш јавен функционер, а немаше да изостанат и демонстрации од илјадници граѓани пред твојот дом!

Радо, ти си срам и мизерија за Македонија и својот народ, истиот тој народ кој ќе те порази на наредните избори, кога ќе запаметиш со кој се однесуваш на овој начин и му распродаваш сѐ!”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.