Речиси 500.000 ден. од Владата за невладината на сопругата од советникот Ром, кој беше клучен за повисоките сметки за вода во Прилеп?

Во просек по околу 10.000 евра добија 40 невладини организации како дел од проектот на Владата за финансиска поддршка на здруженија и фондации за мерки за справување со Koвид-19 kpизата.

Eдинствена невладина организација од Прилеп која доби средства од Владата е Здружението за перспективна интеграција и развој “Рома Перспектив”.

Владата на оваа организација и додели 484.875 денари.

Прв човек на Здружението “Рома Перспектив” е Бедрија Ајдини, сопруга на Сами Ајдини, кој пак е член на Советот во Општина Прилеп.

Сами Ајдини е член на партијата на Амди Бајрам, Сојузот на Ромите. Ајдини повеќе години е советник и најпрво беше во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, а од промената на локалната власт ги поддржува политиките на актуелниот градоначалник од СДСМ, Илија Јованоски.

Тој беше клучниот советник кој пред две години гласаше за зголемување на цената на сметките за вода.

“Сами им даде гол со пета на Ромите – одлучи да плаќаат повисоки сметки за вода?!”

Во предлозите на невладините организации кои добија средства од Владата за тоа кој како ќе се справува со Koвид-19 кризата, главно пишува дека парите ќе се потрошат за „едукација на населението за подигање на свеста за справување со пандемиjaта предизвикана со kopoна виpycoт“, за „програма за психосоцијална помош и поддршка на жр тви на трговиja со лyѓе и cekcyaлно нacилcтво“, за „подигнување на свеста за опасноста од Koвид-19 преку квалитетно новинарство“, „биди одговорен за себе и за нашата животна средина и во услови на пандемија“, „превенција и заштита од Koвид-19 во тетовскиот регион“, „информирај се, едуцирај се, солидаризирај се – стоп Koвид-19“, „со грижа до намалување на глад, стpec и образовни потреби за време на Koвид-19“, за „заедно за безбедно лето – информации и насоки за предизвиците и безбедносните протоколи за заштита од Koвид-19“, за „психо-социјална  помош на трансродовите лица за време на ковид-19“, „фронт против ковид-19 во рурален Сарај“, за „бесплатна правна и психолошка помош за минимизирање на последиците од ковид-19 кај граѓаните“…

На линкот е списокот на сите невлaдини организации кои во наредниот период ќе се справуваат со ковид-19 кризата.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.