Вториот циклус од огласот за самовработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, преку кој граѓаните можат да аплицираат за неповратни финансиски средства со цел да отпочнат свој сопствен бизнис поради зголемената заинтересираност е продолжен до 20.05.2016 година
Условите за добивање на грантот се лицето да е активен барател на работа и да има одржлива бизнис идеја, лесно изводлив и реален бизнис план.
Бенефитите на лицата се тоа што добиваат неповратни средства кои што можат да ги искористат во опрема и репроматеријали. За отпочнување за секој бизнис потребни се средства и Владата ги субвенционира невработените лица со 185 илјади денари неповратни средства со можносот за вработување на уште едно лице во бизнисот и дополнителни 92 илјади денари.
Сите дополнителни информации можете да ги добиете во Центарот за вработување Прилеп.