Прилепчанец со објава на ФБ која мора да ја погледнете: Зошто ни беа потребни 114 години за да ја видиме оваа фотографија?

Зоран Митрески од Прилеп, управител на фирмата “Efix Electrical”, на својот Фејсбук профил објави интересна фотографија која датира од далечната 1907 година. На истата можат да се видат автомобили кои работат на електричен погон.

“Зошто ни беа потребни цели 114 години за да ја видиме оваа фотографија (направена е во 1907 год.) на електрични возила по принципот на Никола Тесла, и сфатиме дека цело време сме живееле во наметната глобална лага.

Во меѓувреме изгубен е повеќе од 1 век на намерно ограничен технолошки развој на целата планета за да биде потрошено огромно финансиско богатство од сите претходни генерации – жители на планетава.

Како последица на таа лага загаденоста на атмосферата е до максимум а притоа уништени се милиони луѓе по здравствена основа, само поради финансискиот апетит на грст криминалци!

Дали глобалните лаги и натаму немилосрдно продолжуваат на сите нивоа и по сите основи?” – пишува Митрески.

На прашање во коментари: “Што значи оваа фотографија?”, тој дополнува:

“Фотографијата е објавена во 1907 година дека постоеле електрични возила кои биле во функција. Првите модели се објавени кон крајот на 19 и продолжиле во почетокот на 20 век за да под огромен притисок нивното производство било загушено. Оттогаш се форсира производството на автомобили со фосилни горива, на кои многу полесно може да се контролира ситуацијата на производството, потрошувачката, а на средината е данокот кој треба сите да го исплатат за потребите на буџетите, како и на новосоздадените моќни нафтени олигарси”.

Игор Грујовски во коментари исто така дополнува:

“Има записи дека сопругата на Хенри Форд, до крајот на својот живот користела електричен автомобил. Кога Форд и замерил што користи возило од друг бренд таа кратко одговорила дека нема намера да користи “смрдливо” возило за свои потреби. Факт е дека во 1910 година, во Њујорк имало 400 јавни станици за полнење на електрични возила”.

Mитрески секојдневно објавува занимливости, апели и новитети од областа на технологијата и обновливите извори на енергија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.