Прекрасно: Дрон видео од храмот Св. Петка во Битола – За многу години Македонци!

Црквата Света Петка во Битола е изградена во осумдесеттите години на минатиот век, и според многумина во тоа време била најмодерната црква и предизвика големо внимание кај архитектите, црковните лица и верниците.

Денес 8 август, се празнува летна Света Петка. Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен. Таа се смета за заштитничка од разни нecpeќи, но и од многу болecти, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

Многу лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води.

Битолчанецот Џоле Трајчески со дрон сними прекрасно видео од црквата Св. Петка во Битола и ја долови целата убавина на овој божествен храм.

“Беше уживање да го направам ова видео, и ако уживавте да го гледате, ве молиме споделете со вашите пријатели! И, ако сакате да видите повеќе видеа како ова, Ве молиме претплатете се”, стои во описот на видеото.

Проследете го видеото во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.