По 13 пат, од 19 – ти до 25 -ти јули во ЦК „Марко Цепенков“ ќе се одржи веќе традиционалната ликовна колонија Дрен 2021, на која годинава освен што ќе творат сликари, дела во метал ќе создаваат и скулптори.
Годинава ќе творат уметници од земјава и странство. Своите инспирации на платно ќе ги пренесат сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова – Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Владимир Темков, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.
Делата создадени на годинашната колонија наесен ќе бидат претставени на изложба.
Досега на колонијата се создадени околу 350 дела кои се во трајно наследство на Центарот и на државата. Ликовната колонија се одржува со финансиска поддршка на Министерството за култура.