По тригодишна пауза во Прилеп ќе се одржи традиционалниот турнир во мал фудбал “Свети Никола”.
Последен пат турнирот се одржа во 2019 година во Универзалната сала во Прилеп, за која надлежните годинава мака мачат да ја обезбедат за одигрување на турнирот. Кочници прави централната власт, а спортските работници секојдневно на социјалните мрежи апелираат да преовлада разумот, и спортскиот храм да и’ биде доделен на менаџирање на општина Прилеп.
Според она што го дознаваме за одржување на турнирот е оформен организационен одбор, а деновиве ќе бидат објавени сите детали.
Најавите велат дека турнирот ќе се одржи меѓу 10 и 25 декември.